Мени
Закажи демо

Чести прашања

Одговори на прашањата што родителите најчесто ги поставуваат за онлајн курсот по Python.

За која возраст е онлајн курсот?

Курсот е наменет за ученици од 6. одделение нагоре. Не е потребно претходно знаење по програмирање. За помалите деца имаме курсеви со блокови во нашата училница во Гевгелија.

Дали детето треба да знае англиски?

Не. Видеата, објаснувањата и советите се на македонски. Командите во Python се англиски зборови, на пример print и for, но секоја нова команда ја објаснуваме кога се појавува за прв пат.

Како изгледа една лекција?

Детето прво гледа кратко видео, а потоа решава вежби директно на страницата. Секое решение се проверува автоматски, па детето веднаш знае дали успеало, а ако не, добива совет.

Колку време треба неделно?

Препорачуваме две лекции неделно. Темпото го одредувате вие: детето може да учи побрзо или побавно.

Што ни треба за да почнеме?

Компјутер или лаптоп со тастатура, интернет врска и современ прелистувач. Не треба да инсталирате никаква програма.

Можат ли да учат повеќе деца од едно семејство?

Да. Родителот има една сметка и за секое дете додава посебен профил. Секое дете има свои лекции и свој напредок, а вие ги гледате сите на едно место.

Што ако детето заглави на некоја задача?

Кај секоја задача има совети, а ако кодот има грешка, детето добива објаснување на македонски.

Дали има часови во живо?

Онлајн курсот засега нема часови во живо: детето учи со видео лекции и вежби, со свое темпо. Часови со наставник во живо има во нашата училница во Гевгелија.

Онлајн курс по Python

Запишете го детето на онлајн курсот по Python

Пријавете се за рано запишување и ќе ви пишеме штом почне запишувањето на онлајн курсот.

Плаќање месечно или одеднаш за целиот курс.

Закажи демо час Назад на врвот