Мени
Закажи демо

Онлајн, низ цела Македонија

Онлајн курс по Python за деца

За ученици од 6. одделение нагоре, без претходно знаење. Од првата команда print до сопствена игра, со видео лекции и вежби во прелистувачот.

За кого
од 6. одделение нагоре
Темпо
со свое темпо, препорачано 2 лекции неделно
Јазик
македонски

Онлајн

Како изгледа учењето

  1. Кратки видео лекции

    Секоја лекција почнува со кратко видео на македонски, со примери што детето веднаш може да ги проба.

  2. Вежби во прелистувачот

    Кодот се пишува и се извршува директно на страницата. Не треба да инсталирате ништо.

  3. Веднаш се гледа дали кодот работи

    Решенијата се проверуваат автоматски. Ако нешто не е во ред, детето добива објаснување и совет на македонски.

  4. Со свое темпо

    Нема фиксен распоред и нема часови во живо. Детето учи кога му одговара, а ние препорачуваме по две лекции неделно.

Python

Вака изгледа една вежба

Кодот се пишува и се извршува директно на страницата. Не треба да инсталирате ништо.

hello.py
# Мојата прва програма
ime = "Ана"
print("Здраво,", ime + "!")

for i in range(1, 4):
    print(i, "★" * i)
Здраво, Ана!
1 ★
2 ★★
3 ★★★

Веднаш се гледа дали кодот работи

Решенијата се проверуваат автоматски. Ако нешто не е во ред, детето добива објаснување и совет на македонски.

Вие ја имате сметката, детето има свој профил

Родителот ја отвора сметката и додава посебен профил за секое дете. Вие гледате кои лекции ги завршиле и како напредуваат.

  • Една сметка за целото семејство
  • Преглед на завршените лекции и задачи
  • Плаќањето и податоците се кај родителот, не кај детето

Програма: Ниво 1

Секоја неколку лекции завршуваат со мини-проект во кој детето го користи сето она што го научило.

Први чекори

  1. Што е програмирање? Првата команда: print()
  2. Променливи: како програмата паметти податоци
  3. Броеви и сметање
  4. Работа со текст
  5. Програмата прашува, детето одговара: input()
  6. Мини-проект: квиз-бот

Програмата одлучува

  1. Споредби: точно или неточно (bool)
  2. Ако е точно, направи го ова: if
  3. Повеќе можности: if, elif, else
  4. Мини-проект: погоди го бројот

Повторувања и цртање

  1. Повторувај додека важи условот: while
  2. Повторувај одреден број пати: for и range
  3. Повторување во повторување
  4. Цртање со turtle 1: форми со повторувања
  5. Цртање со turtle 2: бои и шари

Листи

  1. Листи: многу податоци на едно место
  2. Работа со листи: append, len, in
  3. Поминување низ листа
  4. Мини-проект: листа за купување

Функции и случајни броеви

  1. Функции: свои нови команди
  2. Параметри и return
  3. Случајни броеви
  4. Мини-проект: игра со коцка

Текст, речници и грешки

  1. Повеќе за текстот: делови од текст и методи
  2. Речници
  3. Како да ја прочиташ пораката за грешка

Проекти и завршување

  1. Проект: погоди го зборот (бесилка), прв дел
  2. Проект: погоди го зборот (бесилка), втор дел
  3. Цртање со turtle 3: едноставна игра
  4. Алгоритми: пребарување и подредување
  5. Завршен проект
  6. Повторување и сертификат

Што ви треба

  • Компјутер или лаптоп со тастатура
  • Интернет врска
  • Не е потребно претходно знаење по програмирање

Онлајн курс по Python

Запишете го детето на онлајн курсот по Python

Пријавете се за рано запишување и ќе ви пишеме штом почне запишувањето на онлајн курсот.

Плаќање месечно или одеднаш за целиот курс.

Закажи демо час Назад на врвот