Мени
Закажи демо

Влезете во светот на програмирањето

Програмирање за деца, онлајн низ цела Македонија

Видео лекции и вежби што се решаваат директно во прелистувачот. Детето учи Python со свое темпо, а вие го следите неговиот напредок.

Нашите услуги

Што нудиме

Онлајн курс по Python

За ученици од 6. одделение нагоре, од секое место во Македонија. Кратки видео лекции, вежби во прелистувачот и автоматска проверка на решенијата.

Дознај повеќе: Онлајн курс по Python

Бесплатен демо час

Не сте сигурни од каде да почнете? Закажете бесплатен демо час и заедно ќе го избереме курсот што му одговара на вашето дете.

Во училницата во Гевгелија

Дознај повеќе: Бесплатен демо час

За Logic Land

Идејата за Logic Land се роди од желбата да се сподели радоста на програмирањето со младите умови. Со цврста верба дека моќта на технологијата може да ја обликува иднината, нашиот тим замисли место каде децата не само што ќе можат да научат да кодираат, туку и да развиваат креативност, критичко размислување и вештини за решавање проблеми.

Денес Logic Land е и онлајн школа. Со онлајн курсот по Python, деца од цела Македонија учат програмирање од дома, со свое темпо, а во Гевгелија продолжуваме со часовите во училница.

Види курсеви

Активни обуки

Пронајди соодветна обука и започни со учење

Часови во училница во Гевгелија

Кодирање со блокови – CodeMonkey Jr

CodeMonkey Jr. е наменет за најмалите програмери. Преку игра и кодирање со блокови, ќе се запознаеме со основите на програмирањето, притоа помагајќи му на пријателчето мајмун да стигне до богатството.

Каде: Во училница, Гевгелија

Кодирање со блокови – Beaver Achiever

Beaver Achiever е одличен за стимулирање на младите ученици да научат основни вештини за кодирање. Учениците ќе користат блокови за кодирање за да му помогнат на пријателчето дабар да заврши различни задачи во неговото природно живеалиште.

Каде: Во училница, Гевгелија

Програмирање со CoffeeScript – Coding Adventure

Coding Adventure е курс заснован на игра каде што учениците учат да кодираат во CoffeeScript додека му помагаат на мајмунот да ги фати бананите. Курсот е вовед во кодирање базирано на текст.

Каде: Во училница, Гевгелија

Game Builder

По завршувањето на курсот за дизајн на игри, учениците ќе можат сами да ја поминат секоја фаза од создавањето игра со Game Builder – од изборот на сопствена приказна до програмирањето на правилата на играта.

Каде: Во училница, Гевгелија

Вовед во Python – Banana Tales

Banana Tales е курс преку игра во кој учениците пишуваат код во Python и се запознаваат со различни концепти од програмирањето, додека ја обновуваат патеката по која мајмунчето ќе се врати дома.

Каде: Во училница, Гевгелија

Основи на Python

Целта на овој курс е да го насочи ученикот да размислува креативно и динамично во однос на решавањето на проблеми со користење на програмскиот јазик Python. По завршување на овој курс, учениците ќе може да решаваат реални проблеми и да пишуваат алгоритми кои успешно ќе ги имплементираат во Python.

Каде: Во училница, Гевгелија

Патека на учење по одделенија

Секој чекор го подготвува детето за следниот. Децата можат да почнат од чекорот што одговара на нивното одделение.

  1. 2–4 одделение Во училница

    Кодирање со блокови

    Првите чекори во програмирањето преку игри. Децата редат блокови наместо да пишуваат код и учат низи на чекори, повторувања и услови.

  2. 4–5 одделение Во училница

    CoffeeScript

    Прв вистински програмски јазик. Децата пишуваат кратки команди за да ги решат загатките во играта.

  3. од 6 одделение нагоре Онлајн Во училница

    Python

    Јазик што го користат и професионалните програмери. Децата пишуваат свои програми, игри и цртежи.

  4. од 7 одделение нагоре Во училница

    C++ и Arduino

    Децата програмираат во C++ и градат уреди и роботи со Arduino, сензори и мотори.

Не сте сигурни од каде да почне вашето дете? Закажете бесплатен демо час и заедно ќе одлучиме.

Закажи демо час

Во училницата во Гевгелија

Python

Вежби во прелистувачот

Кодот се пишува и се извршува директно на страницата. Не треба да инсталирате ништо.

Веднаш се гледа дали кодот работи

Решенијата се проверуваат автоматски. Ако нешто не е во ред, детето добива објаснување и совет на македонски.

hello.py

# Мојата прва програма
ime = "Ана"
print("Здраво,", ime + "!")

for i in range(1, 4):
    print(i, "★" * i)
Здраво, Ана!
1 ★
2 ★★
3 ★★★

star.py

import turtle

t = turtle.Turtle()
t.color("#EE2A7B")
for i in range(5):
    t.forward(120)
    t.right(144)

Како функционира

Чекори до успех

  1. Пронајдете соодветна обука

    Разгледајте ги обуките и пронајдете ја онаа што одговара на одделението на вашето дете.

  2. Едноставен процес на запишување

    Запишете го детето на онлајн курсот за неколку минути, или контактирајте нè за да најдеме термин за часовите во училница.

  3. Започнете со учење

    Детето гледа кратки видео лекции, решава вежби и веднаш дознава дали неговиот код работи. За секоја завршена лекција добива ѕвезди.

Онлајн курс по Python

Запишете го детето на онлајн курсот по Python

Отворете родителска сметка, додадете профил за детето и започнете со првата лекција.

Плаќање месечно или одеднаш за целиот курс.

Закажи демо час Назад на врвот