Кодирање Chatbot-и со Python
Преку Coding Chatbots, учениците го учат програмскиот јазик Python и како се прави четбот, програмирајќи вистински четбот-квиз.
Часови во училница во Гевгелија
Banana Tales е курс преку игра во кој учениците пишуваат код во Python и се запознаваат со различни концепти од програмирањето, додека ја обновуваат патеката по која мајмунчето ќе се врати дома.
Во училницата во Гевгелија
Во играта, мајмуни близнаци беа разделени после силен земјотрес – оставајќи еден од мајмуните без начин да добие банани! Сега, учениците треба да напишат код за да ја обноват патеката и да го нахранат мајмунчето. На патот, учениците ќе ја планираат и програмираат околината на играта за да кодираат патека за бананата да стигне до мајмунот.
Преку игра, учениците ќе ги научат основните и понапредните концепти на програмскиот јазик Python: низи од наредби, листи и индекси, циклуси for и while, променливи, услови if/else, логички оператори, функции, класи и објекти, подредување и различни структури на податоци.
Преку Coding Chatbots, учениците го учат програмскиот јазик Python и како се прави четбот, програмирајќи вистински четбот-квиз.
Целта на овој курс е да го насочи ученикот да размислува креативно и динамично во однос на решавањето на проблеми со користење на програмскиот јазик Python. По завршување на овој курс, учениците ќе може да решаваат реални проблеми и да пишуваат алгоритми кои успешно ќе ги имплементираат во Python.
Продолжение на курсот Основи на Python, за ученици што сакаат подлабоко да навлезат во програмирањето. Python се користи за анализа на податоци, игри и многу други области, па го поттикнува љубопитството и креативноста кај децата.
Не сте сигурни дали курсот е за вашето дете? Закажете бесплатен демо час и заедно ќе одлучиме.
Во училницата во Гевгелија