Мени
Закажи демо

Часови во училница во Гевгелија

Кодирање со блокови – Beaver Achiever

Beaver Achiever е одличен за стимулирање на младите ученици да научат основни вештини за кодирање. Учениците ќе користат блокови за кодирање за да му помогнат на пријателчето дабар да заврши различни задачи во неговото природно живеалиште.

Закажи демо час

Во училницата во Гевгелија

Преку Beaver Achiever, децата ќе научат кодирање базирано на блокови, кое е едноставен начин на компјутерско програмирање. Наместо пишување код, учениците ќе користат блокови кои ќе ги разместуваат во едиторот со цел да го решат проблемот.

Минималната содржина на текст низ задачите го прави идеално решение за младите програмери, кои сè уште не го совладале читањето. Преку интересниот интерфејс, учениците брзо ќе почнат со игра и програмирање!

Што ќе учиме:

  1. Низи и циклуси

    Првиот дел од Beaver Achiever е задолжителен, и е вовед во другите два. Се состои од игри во кои учениците треба да му помогнат на дабарот да изгради брана во езерото, притоа учејќи за низи од настани и циклуси.

  2. Условни циклуси

    Во вториот дел од курсот, учениците ќе му помогнат на дабарот да изгради куќичка до езерото. Со користење на условни циклуси, учениците ќе собираат дрвени штици со цел да му помогнат на дабарот да го изгради последниот ѕид од неговата куќа.

  3. IF/ELSE услови

    Последната активност се одвива во смути бар, каде дабарот организира забава. Учениците со користење на if/else услови ќе прават рецепти за различни гости на забавата.

Сите курсеви во училница

Не сте сигурни дали курсот е за вашето дете? Закажете бесплатен демо час и заедно ќе одлучиме.

Закажи демо час

Во училницата во Гевгелија

Закажи демо час Назад на врвот