Мени
Пробај бесплатно

Курсеви

Сите наши курсеви се онлајн, за деца од цела Македонија. Подолу ќе најдете кој курс е за кое одделение, а во Гевгелија имаме и часови во училница.

Онлајн курсеви

Детето учи од дома, со свое темпо, а вие го следите напредокот од родителската сметка. Python 1 е достапен сега, а другите курсеви ги подготвуваме.

Наскоро онлајн

Наскоро 2–4 одделение

Блок-програмирање

Наша игра за најмалите: децата редат блокови наместо да пишуваат код и ги учат основите на програмирањето.

Извести ме: Блок-програмирање

Наскоро од 7 одделение нагоре

Python 2

Продолжение на Python 1: поголеми програми и нови идеи во програмирањето.

Извести ме: Python 2

Наскоро од 7 одделение нагоре

Python + податоци

Децата учат да читаат, средуваат и прикажуваат податоци со Python.

Извести ме: Python + податоци

Наскоро од 7 одделение нагоре

C и C++

Јазиците зад игрите, роботите и брзите програми, за постарите ученици.

Извести ме: C и C++

Извести ме кога ќе почне курсот

Изберете ги курсевите што ве интересираат и оставете ни е-пошта. Ќе ви пишеме кога ќе почнат.

Кои курсеви ве интересираат?

Можете да изберете повеќе курсеви.

Патека на учење по одделенија

Секој чекор го подготвува детето за следниот. Децата можат да почнат од чекорот што одговара на нивното одделение.

  1. 2–4 одделение Онлајн

    Блок-програмирање

    Првите чекори во програмирањето преку наша игра. Децата редат блокови наместо да пишуваат код и учат низи на чекори, повторувања и услови.

  2. 4–5 одделение Онлајн

    Програмирање со текст

    Од блокови кон вистински код: децата сами ги пишуваат командите и така ја учат логиката на програмите.

  3. од 6 одделение нагоре Онлајн

    Python 1

    Јазик што го користат и професионалните програмери. Со видео лекции и вежби во прелистувачот, децата пишуваат свои први програми и цртежи.

Не сте сигурни дали програмирањето е за вашето дете? Нека ги проба првите две лекции бесплатно, без регистрација.

Пробај бесплатно

Лекции 1 и 2 · без регистрација

Во училница

Часови во училница во Гевгелија

Курсеви со наставник, во мали групи, во нашата училница на Маршал Тито 180.

Онлајн курс по Python

Запишете го детето на онлајн курсот по Python

Пријавете се за рано запишување и ќе ви пишеме штом почне запишувањето на онлајн курсот.

Еднократно плаќање од 3.900 денари (63 €) наместо 4.900 денари, до 10 јануари, по ниво за едно дете. Лекциите 1 и 2 се бесплатни.

Запиши го детето
Пробај бесплатно

Лекции 1 и 2 · без регистрација

Пробај бесплатно Назад на врвот