Мени
Закажи демо

Политика за приватност

Тука опишуваме кои лични податоци ги собираме на страницата и во апликацијата за учење, зошто, колку долго ги чуваме и со кого ги делиме.

Податоци од формите

Кога ќе пополните форма, ги чуваме податоците што ги внесувате:

  • Закажи демо час: име и презиме на родителот, телефон, е-пошта, одделение на детето, што ве интересира и кога ви одговара; по желба и име на детето, град и порака.
  • Рано запишување: име и презиме на родителот, е-пошта и одделение на детето; по желба и телефон и име на детето.
  • Порака од страницата Контакт: име, е-пошта и порака; по желба и презиме, телефон и град.

Со секоја пријава зачувуваме и на кој јазик и од која страница е испратена, кога сте се согласиле и со кој текст, вашиот избор за колачињата во тој момент и од каде дојдовте на страницата (видете подолу).

Зошто ги користиме

Податоците ги користиме само за она на што сте се согласиле во формата: да го закажеме демо часот, да ве известиме кога ќе почне запишувањето на онлајн курсот или да одговориме на вашата порака. По секоја пријава ви испраќаме потврда на е-пошта.

Согласност

Со секоја пријава зачувуваме кога сте се согласиле и со кој текст на согласноста. Изборот за колачињата е посебна согласност: можете да ги одбиете аналитиката и маркетингот, а формите работат исто.

Од каде дојдовте

Кога ќе дојдете преку линк од наша објава (со ознаки utm_*) или од друг сајт, ги паметиме ознаките, претходниот сајт (само адресата, без параметри) и првата страница што сте ја отвориле, за првата посета и за последната посета од линк или друг сајт. Без согласност за колачиња ова го паметиме само додека трае посетата (сесијата, до 2 часа). Ако дозволите аналитика или маркетинг, истите податоци ги чуваме и во колаче во вашиот прелистувач до 90 дена од првата посета, за да знаеме од која објава дојдовте и кога формата ќе ја пополните подоцна. Ознаката fbclid што Facebook и Instagram ја додаваат на линковите ја чуваме само ако дозволите маркетинг. Овие податоци стигнуваат до нас само ако испратите форма.

Колачиња

При првата посета ве прашуваме кои колачиња ги дозволувате. Неопходните се секогаш вклучени; аналитиката и маркетингот се вклучуваат само ако ги дозволите. Пред вашиот избор не се вчитува ниту една скрипта на Google или Meta. Изборот го менувате во секое време преку „Поставки за колачиња“ на дното од секоја страница. Ако повлечете согласност, ги бришеме колачињата на Google и Meta во вашиот прелистувач и колачето со податоците за кампањата.

Во апликацијата за учење нема колачиња за аналитика ниту за маркетинг: таму се користат само неопходните колачиња од табелата.

Покрај колачињата, прелистувачот го памети изборот „Запри ги анимациите“ (во localStorage). Апликацијата за учење на уредот го памети изборот за звук и привремено го чува кодот од вежбите што уште не стигнал до серверот; тој код се брише кога детето ќе се одјави и најдоцна по 30 дена. Мапата на страницата Контакт се вчитува од Google Maps, а видеата на страниците за кампањи од YouTube, само ако кликнете на нив.

Поставки за колачиња

Google Analytics

Ако дозволите аналитика, користиме Google Analytics 4 за да видиме кои страници се посетуваат, кои копчиња се кликаат и колку форми се испратени. До Google не праќаме име, е-пошта, телефон ниту податоци за детето, а ознаката fbclid ја отстрануваме од адресата на страницата. Google signals и персонализацијата на реклами се исклучени. Google може податоците да ги обработува и надвор од Македонија и Европската унија.

Meta Pixel и Conversions API

Ако дозволите маркетинг, користиме Meta Pixel за да видиме дали некој дошол преку наша објава или реклама на Facebook или Instagram и потоа испратил форма. Кога ќе испратите форма, истиот настан („Lead“) го праќаме и од нашиот сервер преку Meta Conversions API, со: е-поштата и телефонот во хеширана форма (SHA-256, еднонасочно шифрирани), IP-адресата и податоците за прелистувачот, ознаката на кликот (fbclid) ако постои, адресата на страницата и видот на формата. Не праќаме име, порака ниту податоци за детето. Без согласност за маркетинг ништо од ова не се праќа. Meta може податоците да ги обработува и надвор од Македонија и Европската унија.

Закажи демо час Назад на врвот