Онлајн курс по Python
За ученици од 6. одделение нагоре, од секое место во Македонија. Кратки видео лекции, вежби во прелистувачот и автоматска проверка на решенијата.
Дознај повеќе: Онлајн курс по PythonВлезете во светот на програмирањето
Видео лекции и вежби што се решаваат директно во прелистувачот. Детето учи Python со свое темпо, а вие го следите неговиот напредок.
Во училницата во Гевгелија
Нашите услуги
За ученици од 6. одделение нагоре, од секое место во Македонија. Кратки видео лекции, вежби во прелистувачот и автоматска проверка на решенијата.
Дознај повеќе: Онлајн курс по PythonУчење во мали групи до 10 ученици, со наставник, во нашата училница. Курсеви од кодирање со блокови до C++ и Arduino.
Дознај повеќе: Часови во училница во ГевгелијаНе сте сигурни од каде да почнете? Закажете бесплатен демо час и заедно ќе го избереме курсот што му одговара на вашето дете.
Во училницата во Гевгелија
Дознај повеќе: Бесплатен демо час
Идејата за Logic Land се роди од желбата да се сподели радоста на програмирањето со младите умови. Со цврста верба дека моќта на технологијата може да ја обликува иднината, нашиот тим замисли место каде децата не само што ќе можат да научат да кодираат, туку и да развиваат креативност, критичко размислување и вештини за решавање проблеми.
Денес Logic Land е и онлајн школа. Со онлајн курсот по Python, деца од цела Македонија учат програмирање од дома, со свое темпо, а во Гевгелија продолжуваме со часовите во училница.
Види курсевиАктивни обуки
За ученици од 6. одделение нагоре, од цела Македонија. Детето учи од дома, со свое темпо, а вие го следите напредокот од вашата родителска сметка.
CodeMonkey Jr. е наменет за најмалите програмери. Преку игра и кодирање со блокови, ќе се запознаеме со основите на програмирањето, притоа помагајќи му на пријателчето мајмун да стигне до богатството.
Beaver Achiever е одличен за стимулирање на младите ученици да научат основни вештини за кодирање. Учениците ќе користат блокови за кодирање за да му помогнат на пријателчето дабар да заврши различни задачи во неговото природно живеалиште.
Coding Adventure е курс заснован на игра каде што учениците учат да кодираат во CoffeeScript додека му помагаат на мајмунот да ги фати бананите. Курсот е вовед во кодирање базирано на текст.
По завршувањето на курсот за дизајн на игри, учениците ќе можат сами да ја поминат секоја фаза од создавањето игра со Game Builder – од изборот на сопствена приказна до програмирањето на правилата на играта.
Banana Tales е курс преку игра во кој учениците пишуваат код во Python и се запознаваат со различни концепти од програмирањето, додека ја обновуваат патеката по која мајмунчето ќе се врати дома.
Целта на овој курс е да го насочи ученикот да размислува креативно и динамично во однос на решавањето на проблеми со користење на програмскиот јазик Python. По завршување на овој курс, учениците ќе може да решаваат реални проблеми и да пишуваат алгоритми кои успешно ќе ги имплементираат во Python.
Секој чекор го подготвува детето за следниот. Децата можат да почнат од чекорот што одговара на нивното одделение.
Првите чекори во програмирањето преку игри. Децата редат блокови наместо да пишуваат код и учат низи на чекори, повторувања и услови.
Прв вистински програмски јазик. Децата пишуваат кратки команди за да ги решат загатките во играта.
Јазик што го користат и професионалните програмери. Децата пишуваат свои програми, игри и цртежи.
Децата програмираат во C++ и градат уреди и роботи со Arduino, сензори и мотори.
Не сте сигурни од каде да почне вашето дете? Закажете бесплатен демо час и заедно ќе одлучиме.
Во училницата во Гевгелија
Python
Кодот се пишува и се извршува директно на страницата. Не треба да инсталирате ништо.
Решенијата се проверуваат автоматски. Ако нешто не е во ред, детето добива објаснување и совет на македонски.
hello.py
# Мојата прва програма
ime = "Ана"
print("Здраво,", ime + "!")
for i in range(1, 4):
print(i, "★" * i)
star.py
import turtle
t = turtle.Turtle()
t.color("#EE2A7B")
for i in range(5):
t.forward(120)
t.right(144)
Како функционира
Разгледајте ги обуките и пронајдете ја онаа што одговара на одделението на вашето дете.
Запишете го детето на онлајн курсот за неколку минути, или контактирајте нè за да најдеме термин за часовите во училница.
Детето гледа кратки видео лекции, решава вежби и веднаш дознава дали неговиот код работи. За секоја завршена лекција добива ѕвезди.
Онлајн курс по Python
Отворете родителска сметка, додадете профил за детето и започнете со првата лекција.
Плаќање месечно или одеднаш за целиот курс.
Во училницата во Гевгелија