Основи на Arduino и Роботика

🤖 Креирај роботи. Научи програмирање. Откриј технологија.

Нашиот курс за Arduino и роботика е дизајниран да ги воведе децата во возбудливиот свет на електрониката, програмирањето и роботиката. Учениците ќе создадат и програмираат сопствени роботи кои можат да детектираат препреки, реагираат на звук или светлина, и многу повеќе!


Што ќе научат вашите деца?

🔹 Вовед во C++ програмирање: Запознавање со програмскиот јазик C++ (променливи, услови, повторувања, низи).
🔹 Основи на електрониката: Како функционираат компонентите и како да ги поврзат со Arduino.
🔹 Користење на Arduino IDE: Платформата за пишување и тестирање на код.
🔹 Поврзување на сензори и мотори: Светилки, сензори за препреки, звучни и светлосни компоненти.
🔹 Креирање и програмирање роботи: Проекти кои комбинираат креативност, решавање проблеми и практична примена.


Програма на Курсот

  • Што е Arduino и како работи?
  • Први чекори во C++ програмирање.
  • Поврзување компоненти (LED, копчиња, сензори).
  • Работа со сензори за светлина и звук.
  • Контрола на мотори и движење.
  • Практични примери за интерактивни уреди.
  • Креирање робот кој детектира препреки.
  • Работа на 20+ различни проекти секој час.

По завршување на курсот, ученикот добива диплома од Logic Land, како и целата опрема со која работи на час (Arduino Starter Kit).