Кодирање со блокови – Beaver Achiever

Преку Beaver Achiever, децата ќе научат кодирање базирано на блокови, кое е едноставен начин на компјутерско програмирање. Наместо пишување код, учениците ќе користат блокови кои ќе ги разместуваат во едиторот со цел да го решат проблемот.

Beaver Achiever е направен за ученици на возраст од 6-9 години. Минималната содржина на текст низ задачите го прави идеално решение за младите програмери, кои сеуште го немаат усовршено читањето. Преку интересниот интерфејс, учениците брзо ќе почнат со игра и програмирање!

Што ќе учиме:

Низи и циклуси

Првиот дел од Beaver Achiever е задолжителен, и е вовед во другите два. Се состои од игри во кои учениците треба да му помогнат на дабарот да изгради брана во езерото, притоа учејќи за низи од настани и циклуси.

Условни циклуси

Во вториот дел од курсот, учениците ќе му помогнат на дабарот да изгради куќичка до езерото. Со користење на условни циклуси, учениците ќе собираат дрвени штици со цел да му помогнат на дабарот да го изгради последниот зид од неговата куќа.

IF/ELSE услови

Последната активност се одвива во смути бар, каде дабарот организира забава. Учениците со користење на if/else услови ќе прават рецепти за различни гости на забавата.