Програмирање со CoffeeScript – Coding Adventure

Coding Adventure е курс базиран на игра, преку кој учениците за прв пат се запознаваат со вистински програмски јазик. Во играта, учениците решаваат различни загатки во кои треба да му помогнат на мајмунчето да ги фати бананите со пишување код. Курсот постепено ги воведува учениците во програмирањето со текст.
Coding Adventure ги учи учениците на програмскиот јазик CoffeeScript. CoffeeScript е сличен на JavaScript, јазик кој примарно се користи во веб апликации, и притоа има многу полесна синтакса која е слична на начинот на кој пушуваме англиски – со што го прави перфектен програмски јазик за деца на возраст од 8+ години.

Што ќе учиме:

Прв дел: Основи

Вовед во основи на програмирање со решавање на загатки преку игра.

Втор дел: Функции и услови

Учениците ќе продолжат со забавата, притоа запознавајќи се со нови карактери во играта, и воведување посложени програмски концепти.

Трет дел: Логика и настани

Завршување на курсот со научени нови програмски концепти.